За нас



La Cafeteria се наоѓа во таканаречениот микро свет на МИ - ДА Бизнис Центар, место на кое ќе посакате да избегате од целиот измислен концепт на градска врева и ќе се опуштите со добро кафе. Доколку кон горенаведеното се вметне и специфичниот ентериер со возилата од програмата на Volvo & Ford, овој простор добива една дополнителна уникатност која дефинитивно ја прави La Cafeteria место кое мора да го посетите во секој дел од денот.

Покрај добро познатиот концепт на Coffee Bar, La Cafeteria Ви стои на располагање доколку сте во потрага по совршено место за прослава на Вашите приватни и бизнис прослави, коктел забави, промоции и бизнис семинари да ги поминете во пријатен, мирен и опуштен амбиент кој го нуди нашата тераса.